Скопје, 29.11.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при вршење мониторинг над изборното медиумско претставување на Трговското радиодифузно друштво Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје, Радиодифузното друштво Наша ТВ ДООЕЛ Скопје, Трговското радиодифузно друштво ТВ ДУЕ Назми ДООЕЛ Гостивар и Трговското радиодифузно друштво Сити Радио ДООЕЛ Скопје, утврди непочитување на некои членови од Изборниот законик.
Со надзорот врз Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје и Наша ТВ ДООЕЛ Скопје е констатирано дека спротивно на член 76 став 4, овие радиодифузери емитувале платено политичко рекламирање во посебни информативни програми.
Надзорот врз ТВ ДУЕ Назми ДООЕЛ Гостивар покажа дека спротивно на член 76 ставови 1 и 2 од Изборниот законик, оваа телевизија емитувала платено политичко рекламирање без да биде соодветно означено и без да биде означен нарачателот на истото. Со мониторингот врз Сити радио ДООЕЛ Скопје, Агенцијата констатираше дека спротивно на член 75-в од Изборниот законик, водител на програма кој учествува во предизборни активности на учесник во изборна кампања, е истовремено ангажиран и во програмата на ова радио.
Извештаите од извршените надзори се достапни на линковите во прилог: