Предлози од Привремената комисија за ТВ Нова, ТВ Алсат-М и Радио Канал 77

image_pdfimage_print

Скопје, 29.11.2016г. – Привремената комисија за следење на медиумското претставување врз основа на писмените извештаи од спроведен мониторинг на изборното медиумско претставување врз Трговското радиодифузно друштво Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје, Трговското радиодифузно друштво Алсат-М ДОО Скопје и Трговското радиодифузно друштво Радио Канал 77 ДООЕЛ Штип, до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги достави Предлози за постапување.

Предлози за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција – глоба, Привремената комисија достави за Алсат-М ДОО Скопје заради прекршување на член 75-ѓ став 1 и за Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје за повреда на член 76 став 4 од Изборниот законик.

Предлог за поведување прекршочна постапка-опомена, Привремената комисија достави за Радио Канал 77 ДООЕЛ Штип, заради констатирано прекршување на член 76 став 4 од Изборниот законик

Предлозите од Привремената комисија за следење на медиумското претставување се достапни на линковите во прилог:

– Предлог за изрекување мерка – Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје (член 76 став 4 од Изборниот законик)

– Предлог за изрекување мерка – ТВ Алсат-М ДОО Скопје (член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик)

– Предлог за изрекување мерка – Радио Канал 77 ДООЕЛ Штип (член 76 став 4 од Изборниот законик)



Accessibility

Accessibility