Реализиран мониторинг над изборното медиумско претставување на ТВ Нова, ТВ МТМ, К Три Телевизија и ЕФ-ЕМ 90.3 Спортско радио

Скопје, 05.12.2016г. – При мониторингот над изборното медиумско претставување на ТВ Нова Дооел Скопје, ТВ МТМ Дооел Скопје, К Три Телевизија Дооел Куманово и ЕФ-ЕМ 90.3 Спортско радио Дооел Скопје, Агенцијата констатираше прекршувања на членови од Изборниот законик кои се однесуваат на платено политичко рекламирање.

Надзорот над ТВ Нова Дооел Скопје, ТВ МТМ Дооел Скопје и К Три Телевизија Дооел Куманово покажа непочитување на член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик, односно во еден реален час овие радиодифузери емитувале повеќе од 8 минути платено политичко рекламирање за политичките партии на власт, додека кај ТВ Нова Дооел Скопје и емитување на платено политичко рекламирање во посебни информативни програми.

Мониторингот над ЕФ-ЕМ 90.3 Спортско радио Дооел Скопје, покажа дека овој радиодифузер спротивно на член 76 ставови 1 и 2 од Изборниот законик, емитувал платено политичко рекламирање кое не е соодветно одвоено од другите содржини на медиумот и без јасно означен нарачател на рекламирањето.

Извештаите од мониторингот над изборното медиумско претставување се достапни на линковите во прилог:

ТВ Нова Дооел Скопје (член 75-ѓ став 1 од ИЗ)

ТВ Нова Дооел Скопје (член 76 став 4 од ИЗ)

ТВ МТМ Дооел Скопје

К Три Телевизија Дооел Куманово

ЕФ-ЕМ 90.3 Спортско радио Дооел Скопје



Accessibility

Accessibility