Поднесени барања за поведување прекршочни постапки против 8 телевизии и 2 радио станици

Скопје, 11.12.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги врз основа на Предлозите за постапување од Привремената комисија за следење на медиумското претставување, поведе прекршочни постапки во кои судот ќе изрече прекршочна санкција опомена, против 8 телевизии и 2 радио станици.

Прекршочни постапки се поведуваат против ТВ Алсат-М ДОО Скопје, ТВ Канал 5 ДООЕЛ Скопје, ТВ Телма ДООЕЛ Скопје, ТВ Шења ДООЕЛ Скопје и ТВ 24 Вести ДООЕЛ Штип, поради непочитување на член 75 став 1 и став 2 и член 75-а став 1 точка б и став 2 од Изборниот законик, кои се однесуваат на обезбедување избалансирано покривање на учесниците во изборниот процес во вкупната програма и нивна застапеност согласно принципот на пропорционалност според бројот на потврдени листи на кандидати за пратеници.

Против ТВ Шења ДООЕЛ Скопје поведена е и прекршочна постапка поради непочитување на правилата при објавување резултати од испитувањето на јавното мислење, согласно член 77 став 2 од Изборниот законик.

Поради прекршување на членовите од Изборниот законик кои се однесуваат на платено политичко рекламирање, покренати се прекршочни постапки против ТВ АРТ ДОО Тетово, ХДТВ Канал Плус ДООЕЛ Скопје, ТВ Едо ДООЕЛ с.Љубин, Сарај, Радио Слободна Македонија ДООЕЛ Скопје и Радио Антена 5 ДОО Скопје.

 

Предлозите за постапување од Привремената комисија за следење на медиумското претставување и извештаите од извршениот надзор (мониторинг) можат да се преземат на следните линкови:

Предлог за изрекување мерка – ТВ 24 Вести ДООЕЛ Штип (член 75 став 1 и став 2 и член 75-а став 1 точка б и став 2 од Изборниот законик)

– Писмен извештај од надзор над изборното медиумско претставување – ТВ 24 Вести ДООЕЛ Штип


Предлог за изрекување мерка – ТВ Алсат-М ДОО Скопје (член 75 став 1 и став 2 и член 75-а став 1 точка б и став 2 од Изборниот законик)

– Писмен извештај од надзор над изборното медиумско претставување – ТВ Алсат-М ДОО Скопје


Предлог за изрекување мерка – ТВ Канал 5 ДООЕЛ Скопје (член 75 став 1 и став 2 и член 75-а став 1 точка б и став 2 од Изборниот законик)

– Писмен извештај од надзор над изборното медиумско претставување – ТВ Канал 5 ДООЕЛ Скопје


Предлог за изрекување мерка – ТВ Телма ДООЕЛ Скопје (член 75 став 1 и став 2 и член 75-а став 1 точка б и став 2 од Изборниот законик)

– Писмен извештај од надзор над изборното медиумско претставување – ТВ Телма ДООЕЛ Скопје


Предлог за изрекување мерка – ТВ Шења ДООЕЛ Скопје (член 75 став 1 и став 2 и член 75-а став 1 точка б и став 2 од Изборниот законик)

– Писмен извештај од надзор над изборното медиумско претставување – ТВ Шења ДООЕЛ Скопје


Предлог за изрекување мерка – ТВ Шења ДООЕЛ Скопје (член 77 став 2 од Изборниот законик)

– Писмен извештај од надзор над изборното медиумско претставување – ТВ Шења ДООЕЛ Скопје


Предлог за изрекување мерка – ХДТВ Канал Плус ДООЕЛ Скопје (член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик)

– Писмен извештај од надзор над изборното медиумско претставување – ХДТВ Канал Плус ДООЕЛ Скопје


Предлог за изрекување мерка – ТВ Едо ДООЕЛ с.Љубин, Сарај (член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик)

– Писмен извештај од надзор над изборното медиумско претставување – ТВ Едо ДООЕЛ с.Љубин, Сарај


Предлог за изрекување мерка – Радио Антена 5 ДОО Скопје (член 76 став 2 од Изборниот законик)

– Писмен извештај од надзор над изборното медиумско претставување –  Радио Антена 5 ДОО Скопје


Предлог за изрекување мерка – Телевизија АРТ Артан ДОО Тетово (член 76 став 2 од Изборниот законик)

– Писмен извештај од надзор над изборното медиумско претставување – Телевизија АРТ Артан ДОО Тетово


Предлог за изрекување мерка – Радио Слободна Македонија ДООЕЛ Скопје (член 76 став 4 од Изборниот законик)

– Писмен извештај од надзор над изборното медиумско претставување –  Радио Слободна Македонија ДООЕЛ Скопје



Accessibility

Accessibility