Предлози од Привремената комисија за 9 телевизиски програмски сервиси

image_pdfimage_print

Скопје, 14.12.2016г. – Врз основа на писмените извештаи од извршен мониторинг над изборното медиумско претставување на Македонска Радиотелевизија Скопје – Прв програмски сервис МРТ 1, ТВ Алсат-М ДОО Скопје, ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје, ТВ Сонце ДООЕЛ Прилеп, ТВ Нова ДООЕЛ Скопје, ТВ Шења ДООЕЛ Скопје, ТВ Компани 21-М ДООЕЛ Скопје, ТВ Канал Три ДОО Дебар и ТВ Ера ДОО Скопје, Привремената комисија за следење на медиумското претставување до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, достави Предлози за постапување. Предлози за овие радиодифузери се поднесуваат поради непочитување на законските правила, кои важат за време на изборниот молк согласно член 76-б став 3 од Изборниот законик.

Предлози за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција – глоба, поради повторување на прекршокот, Привремената комисија достави за ТВ Компани 21-М ДООЕЛ Скопје и ТВ Сонце ДООЕЛ Прилеп.

Предлози за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција – опомена, Привремената комисија достави за Македонска радиотелевизија Скопје – Прв програмски сервис МРТ 1, ТВ Алсат-М ДОО Скопје, ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје, ТВ Нова ДООЕЛ Скопје, ТВ Шења ДООЕЛ Скопје, ТВ Канал Три ДОО Дебар и ТВ Ера ДОО Скопје.

Предлозите од Привремената комисија за следење на медиумското претставување се достапни на линковите во прилог:

Предлози за изрекување мерка-глоба

Предлог за изрекување мерка – ТВ Компани 21-М ДООЕЛ Скопје

Предлог за изрекување мерка – ТВ Сонце ДООЕЛ Прилеп

Предлози за изрекување мерка-опомена

Предлог за изрекување мерка – Македонска Радиотелевизија – Прв програмски сервис МРТ 1

Предлог за изрекување мерка – ТВ Алсат-М ДОО Скопје

Предлог за изрекување мерка – ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје

Предлог за изрекување мерка – ТВ Нова ДООЕЛ Скопје

Предлог за изрекување мерка – ТВ Шења ДООЕЛ Скопје

Предлог за изрекување мерка – ТВ Канал Три ДОО Дебар

Предлог за изрекување мерка – ТВ Ера ДОО Скопје



Accessibility

Accessibility