Предлози од Привремената комисија за МРТ 1 и ХДТВ Канал Плус

Скопје, 14.12.2016г. – Привремената комисија за следење на медиумското претставување врз основа на писмените извештаи од извршен мониторинг над изборното медиумско претставување на Македонска Радиотелевизија Скопје – Македонска телевизија – Прв програмски сервис МРТ 1 и ХДТВ Канал Плус ДООЕЛ Скопје, достави Предлози за постапување до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Предлог за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција – глоба, Привремената комисија достави за Македонска Радиотелевизија Скопје – Македонска телевизија – Прв програмски сервис МРТ 1, додека за ХДТВ Канал Плус ДООЕЛ Скопје, Предлог за изрекување прекршочна санкција – опомена.

Предлозите од Привремената комисија се поднесуваат поради непочитување на членот 76-б став 3 од Изборниот законик, од страна на двата радиодифузера, кои за време на изборниот молк објавиле изјава од носител на функција во орган на власта.

Предлозите од Привремената комисија за следење на медиумското претставување се достапни на линковите во прилог:

Предлог за изрекување мерка-глоба – Македонска Радиотелевизија Скопје – Македонска телевизија – Прв програмски сервис МРТ 1

Предлог за изрекување мерка-опомена – ХДТВ Канал Плус ДООЕЛ Скопје



Accessibility

Accessibility