Скопје, 21.12.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен програмски и административен надзор врз работата на Македонско Радио – Трет програмски сервис (МРА 3) и ТВ Нова ДОО Гевгелија и контролен административен надзор врз работатана ТВ Канал Феста ДООЕЛ Куманово и ТВ Хана ДООЕЛ Куманово.
Со редовниот програмски и администратвиен надзор врз Македонско Радио – Трет програмски сервис (МРА 3) не се констатирани прекршувања од одредбите на законот. Кај ТВ Нова ДОО Гевгелија е констатирано дека, овој радиодифузер работи спротивно на член 51 став 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги односно не ги обезбеди информациите што треба да им се направат достапни на корисниците.
Со контролниот програмски надзор беше констатирано дека ТВ Канал Феста ДООЕЛ Куманово и ТВ Хана ДООЕЛ Куманово постапиле во целост по претходните решенија упатени од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Извештаите може да се преземат во следниве линкови:
Македонско Радио – Трет програмски сервис (МРА 3)
Македонско Радио – Трет програмски сервис (МРА 3)
Македонско Радио – Трет програмски сервис (МРА 3)
ТВ Нова ДОО Гевгелија – (член 51 став 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги)
ТВ Нова ДОО Гевгелија
ТВ Нова ДОО Гевгелија
ТВ Канал Феста ДООЕЛ Куманово
ТВ Хана ДООЕЛ Куманово