Извештај од надзор над изборното медиумско претставување за време на изборната кампања на радиодифузерите на регионално и локално ниво

Скопје, 30.12.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изготви Извештај од надзорот над изборното медиумско претставување за време на изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2016 година, за радиодифузерите на регионално и локално ниво.
Извештајот се однесува на телевизиските програмски сервиси на регионално ниво, што емитуваат програма преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа и на радијата и телевизиите на локално ниво, кои беа дел од примерокот за мониторинг за време на Предвремените парламентарни избори 2016 година. Извештајот го опфаќа периодот на изборната кампања од 21 ноември до 9 декември 2016 година.
Целиот извештај од мониторингот е достапен на следниот линк



Accessibility

Accessibility