Скопје, 13.02.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен програмски надзор врз работата на Македонската Радиотелевизија (МРТ) и вонреден програмски надзор врз работата на ТВ Сител 3 ДООЕЛ Скопје.
Со редовниот надзор врз Јавниот радиодифузен сервис е констатирано дека во целост ја исполнил обврската од член 92 ставови 8 и 9 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, најдоцна до 25 ноември 2016 година да произведе и емитува по најмалку 3о часа домашна документарна програма и играна програма, во периодот од 07.00 до 23.00 часот.
При вонредниот програмски надзор врз ТВ Сител 3 ДООЕЛ Скопје, реализиран по службена должност, е констатирано е дека е сторен прекршок на член 64 став 3 (емитувани содржини на англиски, без превод на македонски јазик) и член 61 став 1 алинеи 1,2,3 и 6 (начела за вршење на дејноста) од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Извештаите од спроведените надзори можете да ги преземете на следните линкови:
Македонската Радиотелевизија Скопје (МРТ)
ТВ Сител 3 ДООЕЛ Скопје (член 64 став 3 од ЗААВМУ)
ТВ Сител 3 ДООЕЛ Скопје (член 61 став 1 алинеи 1,2,3 и 6 од ЗААВМУ)