Обрасци за спроведените обврски утврдени во дозволата и за емитуваните европски аудиовизуелни дела во 2016г.

image_pdfimage_print

Скопје, 14.02.2017г. – Радиодифузерите согласно одредбите од член 15 став 5 од Законот за медиуми, имаат обврска најдоцна до 31 март 2017 година, до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на посебен образец да достават извештајза спроведувањето на обврските утврдени во дозволата за радио или телeвизиско емитување. Обрасците за спроведување на обврските утврдени во дозволата за радио или тв емитување се достапни на следните линкови:
Образец_Извештај за спроведување на обрвските утврдени во дозволата за телевизиско емитување

Образец_Извештај за спроведување на обврските утврдени во дозволата за радио емитување

Радиодифузерите коишто емитуваат телевизиски програмски сервиси на државно ниво, согласно член 91 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, исто така се должни најдоцна до 31 март 2017 година, преку посебен образец, да ја известат Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за емитуваните европски аудиовизуелни дела и дела произведени од независни продуценти, во претходната календарска година. Образецот за европски аудиовизуелни дела и европски дела од независни продуценти е достапен на следниот линк:

Образец за европски аудиовизуелни дела и европски дела од независни продуценти



Accessibility

Accessibility