Скопје, 04.04.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес беше домаќин на новинари од неколку европски медиуми, меѓу кои: радијата (Deutsche Welle – Германија; Rai3, Radio Popolare – Италија; и National Spanish radio – Шпанија),печатените медиуми (Wiener Zеitung – Австрија; La Libre – Белгија; Trud – Бугарија; Hospodarske Noviny – Чешка; Luxemburger Wort – Луксембург; Evenimentul Zilei – Романија; Altinget – Шведска; Groene Amsterdammer – Холандија; The Gardian – Велика Британија), телевизијата ORF – Австрија и новинската агенција Athens news agency – Грција. Целта на посетата на новинарите беше одблизу да се запознаат со работењето на регулаторното тело, а особено со начинот на вршење мониторинг.
На средбата беа посочени надлежностите на Агенцијата, како и активностите кои регулаторот ги презема во однос на медиумската писменост, обезбедување на достапност до медиумите за лицата со сетилна попреченост, третманот на родовите прашања, правото на одговор и исправка, и професионалните стандSlika poseta na novinariарди во медиумите.
Новинарите имаа можност да се запознаат и со карактеристиките на новиот систем за мониторинг на медиумските содржини – FROPS, набавен со финансиска поддршка од ЕУ преку проектот ИПА 2011. За разлика од претходно, со помош на овој систем, во седиштето на Агенцијата се примаат сигналите на сите домашни радиодифузери и оператори на јавни електронски комуникациски мрежи.