Безбедност за новинарските екипи, а тие професионално да известуваат

Скопје, 28.04.2017г. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува насилството врз новинарите и новинарските екипи, за време на вчерашните случувањаво Собранието на Република Македонија.

Во такви тензични мигови, од огромно значење е да им се овозможи на медиумските професионалци непречено и безбедно да ја извршуваат својата работа. Тие се таму за да ја информираат јавноста за актуелните општествено-политички настани и оттаму, секое насилство врз нив е неприфатливо и претставува директен напад врз слободата на изразувањето.

Истовремено, Агенцијата потенцира дека во вакви ситуации и медиумите треба да бидат дораснати на тежината на својата улога и да ја преземат одговорноста да известуваат објективно и непристрасно, да не пренесуваат шпекулации и непроверени информации, но и да не сокриваат факти и да не ја подгреваат тензијата.



Accessibility

Accessibility