Извршен вонреден административен надзор врз 62 телевизиски станици

image_pdfimage_print

Скопје, 10.05.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши вонреден административен надзор врз работата на сите 62 телевизиски станици.

Надзорот се изврши со цел да се констатира дали кај некоја од нив е извршена промена на сопственичката структура без претходно да ја извести Агенцијата, и пред истата да биде одобрена од страна на Агенцијата.

Со извршениот надзор е констатирано дека сите телевизиски станици постапиле согласно законската регулатива.

Извештајот од вонредниот надзор може да се преземе на следниот линк.



Accessibility

Accessibility