Вонреден надзор врз ТВ Нова – начела за вршење на дејноста

image_pdfimage_print

Скопје, 05.05.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши вонреден надзор врз програмата на Трговското радиодифузно друштво ТЕЛЕВИЗИЈА НОВА ДООЕЛ, Скопје, емитувана на 27 април 2017 година.
Со надзорот е констатирано дека при известувањето за случувањата во Собранието на РМ, не се почитувани професионалните начела за вршење на дејноста, односно дека телевизијата не обезбедила објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења, и овозможување на слободно оформување на мислењето на публиката за одделни настани и прашања, што е спротивно на член 61 став 1 алинеја 9 од ЗААВМУ.

Извештајот од вонредниот надзор е достапен на следниот линк.



Accessibility

Accessibility