Скопје, 01.06.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по службена должност изврши вонреден програмски надзор врз работата на ТРД ТВ КАНАЛ 5 ДООЕЛ Скопје, поточно емисијата „Во центар“ со Васко Ефтов емитувана на 21 мај 2017 година, со цел да констатира дали е сторена повреда на членот 48 од ЗААВМУ. Со вонредниот надзор не се констатирани прекршувањa на посебните забрани од членот 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Извештајот може да се преземе на следниот линк