Скопје 21.06.2017- Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен програмски надзор за неколку одредби од ЗААВМУ, врз работата на Друштвото за производство трговија и услуги СПАЈДЕР-НЕТ увоз-извоз ДОО Гевгелија и Друштвото за телекомуникации ПЕТ НЕТ ДОО Гевгелија
Со редовниот надзор констатирано е дека ПЕТ НЕТ ДОО Гевгелија емитувал програмски сервиси коишто не се опфатени со потврдите за регистрација на програмските сервиси издадени од Агенцијата, односно го прекршил член 141 од ЗААВМУ, додека СПАЈДЕР-НЕТ увоз-извоз ДОО Гевгелија постапил согласно законските одредби.
Извештаите се достапни на следните линкови: