Изречени мерки – опомена на КАПИТАЛ МЕДИА ГРОУП, АРС ЛАМИНА и БИРО ПРЕС

Скопје, 30.06.2017г. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при редовен административен надзор врз работата на Трговското друштво за новинско издавачка дејност, трговија, производство и услуги КАПИТАЛ МЕДИА ГРОУП ДОО увоз-извоз Скопје, издавач на неделниот весник „Капитал“,
Друштвото за графички услуги и трговија АРС ЛАМИНА ДОО Скопје, издавач на магазинот „Мини либи“ и Друштвото за издавачка дејност БИРО ПРЕС ДОО Скопје, издавач на магазинот „Порта 3“, утврди непочитување  на член 14 став 1 од Законот за медиуми, при што им изрече мерки – опомени.

За констатираното прекршување на член 14 став 1 од Законот за медиуми, Агенцијата на овие издавачи на печатени медиуми им издаде решенија за преземање мерка – опомена, и им наложи во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, да го усогласат своето работење согласно законските одредби.

Изречените мерки може да се преземат на следните линкови:

КАПИТАЛ МЕДИА ГРОУП – „Капитал“

АРС ЛАМИНА – „Мини либи“

БИРО ПРЕС – „Порта 3“



Accessibility

Accessibility