Скопје, 20.07.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролен програмски надзор врз РА БУБА МАРА ДООЕЛ Скопје, РА ФОРТУНА ДООЕЛ Скопје, РА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА Скопје и СКАЈ РАДИО ДООЕЛ Скопје, со цел да констатира дали постапиле согласно претходните решенија – опомена, упатени од Агенцијата, односно дали на својата програма на дневно ниво,
обезбедиле најмалку 40% од инструментална, вокална и/или вокално инструментална музика да биде на македонски јазик или на јазикот на етничките заедници кои не се мнозинство во РМ.
Сите радиодифузери ја исполниле квотата за македонска музика, односно постапиле по решенијата кои претходно им беа упатени од страна на Агенцијата.
Извештаите се достапни на следните линкови: