Скопје, 07.08.2017г. – Денес започнува мониторингот на известувањето на радиодифузерите за Локалните избори 2017 година, што го спроведува Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно Изборниот законик
.
До сите радиодифузери веќе е испратен допис во кој прецизно се информираат за обврските од Изборниот законик до коишто треба да се придржуваат до започнувањето на изборната кампања, а ќе се одржат и посебни обуки. За начинот на известување на радиодифузерите, Агенцијата ќе објавува извештаи за секој период од 10 дена.
Методологијата за мониторинг и Изборниот законик се достапни на веб страницата на Агенцијата, во посебниот банер Избори 2017, каде ќе се објавуваат сите информации поврзани со Локалните избори.
Потсетуваме дека од денот на распишување на изборите тече рокот од пет дена, во кој сите телевизии и радија коишто ќе емитуваат платено политичко рекламирање за време на изборната кампања, треба да ги утврдат и достават ценовниците до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (преку архива или на е-адресата contact@avmu.mk), до Државната изборна комисија, до Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата.