ВТОР ДЕСЕТДНЕВЕН ИЗВЕШТАЈ ОД ИЗВЕСТУВАЊЕТО ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

image_pdfimage_print

Скопје, 01.09.2017г. Вториот десетдневен извештај, од мониторингот на Агенцијата на медиумското известување, за периодот од 17 до 26 август 2017 година, покажува дека има општа медиумска тенденција уредувачките политики да бидат отворени за различни ставови
во однос на тековните општествено-политички настани, состојби и теми.

Со мониторингот е забележано дека во централните дневно-информативни емисии, во повеќе наврати, а некаде и секојдневно, емитувани се прилози што се квалификуваат како „псевдонастани или псевдовести“. Овие псевдонастани ги креираат политичките партии, преку критика/критизирање на политичкиот опонент или како политички ветувања. Дел од радиодифузерите држат дистанца, дел вложуваат напори да обезбедат врамнотеженост на различните ставови, додека само кај две телевизиии обемот на вакви прилози за една политичка опција, укажува на непочитување на професионалното начело за еднаков третман на различните гледишта.

Во однос на темата „локални избори 2017“, новинарските прилози главно се однесуваа на организациските работи во надлежност на Државната изборна комисија.

Вториот десетдневен извештај од мониторингот на медиумското известување е достапен на следниот линк



Accessibility

Accessibility