Скопје, 11.09.2017г. – За почитување на начелата за вршење дејност од член 61 од ЗААВМУ, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по службена должност, изврши два вонредни програмски надзори, врз програмата на Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје.
Првиот надзор се однесува на програмата емитувана на 10 август 2017 година, каде е констатирано дека со повеќе изнесени тврдења, во емисијата „Отворено студио“, со наслов испишан на телоп „За или против геј бракови“, ТВ Нова ги прекрши начелата за вршење радиодифузна дејност, во поглед на еднаквоста на правата и слободите на луѓето по сите основи и во поглед на начелото за објективно и непристрасно прикажување на настаните.
Вториот вонреден надзор е за дневно-информативната емисија „Дневен бриф на Нова“, емитувана на 31 август 2017 година, поточно на прилогот „Обвинителен акт против гинекологот кој презентирал лажна бременост на пациентка“, во кој телевизијата го открива идентитетот на гинекологот и однапред го осудува, со што го прекршува начелото за пресумпција на невиност.
Извештаите се достапни на линковите во прилог:
Извештај од вонреден надзор врз програмскиот сервис на ТВ Нова – 10 август 2017 година
Извештај од вонреден надзор врз програмскиот сервис на ТВ Нова – 31 август 2017 година