ОД ВЕЧЕРВА НА ПОЛНОЌ ИЗБОРЕН МОЛК ЗА ВТОРИОТ КРУГ ОД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

image_pdfimage_print

Скопје, 27.10.2017 година – Со денешниот ден завршува изборната кампања за вториот круг од Локалните избори 2017 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19 часот во недела 29 октомври 2017 година.За време на молкот медиумите продолжуваат да известуваат за изборите и за текот на гласањето, но не смее да се емитува ниту еден од облиците на изборно медиумско претставување.

При известувањето во деновите на изборниот молк ќе се смета дека медиумите го прекршиле  изборниот  молк доколку емитуваат, односно објават какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите; какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите; податоци со кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Агенцијата очекува сите радиодифузери, почнувајќи од ноќеска на полноќ, да ја прилагодат својата програма за изборниот молк.

 



Accessibility

Accessibility