Скопје, 30.10.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при мониторинг над изборното медиумско претставување за време на вториот круг од изборната кампања за локалните избори 2017 година, кај ТВ Нова, утврди прекршување на правилата за платено политичко рекламирање.
Надзорот покажа дека на 26 и на 27 октомври 2017 година, на еден реален час емитувана програма, ТВ Нова одвои повеќе од законските 8 минути платено политичко рекламирање за политичките партии во опозиција.
Извештајот може да се преземе во следниот линк:
ТВ Нова член 75ѓ став 1 од Изборниот законик – 30.10.2017