Претставници на ОБСЕ/ОДИХР во работна посета на АВМУ

Скопје, 22.02.2018г. – Делегација на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од заменик шефот на одделот за избори, Ричард Лапин и советничката за избори во ОБСЕ/ОДИХР Тамара Отиашвили, денеска во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го претстави конечниот извештај на Набљудувачката мисија за локални избори, одржани на 15 и 29 октомври 2017 година.

Во Извештајот се наведува дека „АААВМУ ја докажа својата професионалност во тек на изборите, целосно остварувајќи го својот мандат“.

На средбата беа споделени искуствата од мониторингот на изборното претставување што го спроведе Агенцијата, а се разговараше и за предлозите на Агенцијата за измена на изборната регулатива.

Посебен акцент на средбата беше ставен на предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, при што Агенцијата повторно истакна дека предложените измени ја загрозуваат независноста на регулаторот и не придонесуваат за подобрување на состојбите во медиумската област.

Конечен извештај на Набљудувачката мисија за локални избори, одржани на 15 и 29 октомври 2017 година



Accessibility

Accessibility