Билатерална средба помеѓу регулаторните тела на Република Македонија и Република Албанија во Тирана

Тирана, 30.03.2018 – Делегација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и претставници на регулаторното тело за медиуми на Република Албанија (АМА), денес во Тирана, договорија продлабочување на меѓусебната соработка и зголемена размена на искуства во областа на медиумската регулацијата.[…]

Одржан првиот јавен состанок за 2018 година

Скопје, 28.03.2018г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа првиот јавен состанок за 2018 година. За спроведените активности согласно Годишната програма за работа говореше д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата, кој ги презентираше реализираните активности во изминатото тромесечие – надзорите врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и издавачите на печатени медиуми; изречените мерки; изработените истражувања, активностите на полето на меѓународна соработка и други активности.

[…]

Трошоци на директорот на Агенцијата за втората половина на 2017 година

Скопје, 26.03.2018 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја поздравува и воедно се приклучува кон иницијативата на Владата на РМ за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции.[…]

Македонија во име на земјите од Западен Балкан настапи пред ЕРГА

Загреб, 23.03.2018г. – Претставниците на Групата на европски регулатори за аудиовизуелни медиумски услуги (ЕРГА) вчера и денеска во Загреб разговараа за справувањето со напливот на лажни вести и за важноста на регионалната и пошироката соработка во поглед на размена на искуства и добри практики.[…]

Промовирана Декларација за етичко и професионално известување за теми поврзани со ЛГБТИ заедницата

Скопје, 20.03.2018г. – Во рамки на заложбата за професионално известување за ЛГБТИ заедницата и почитување на нивните права без дискриминаторски и дерогирачки говор, денес беше промовирана Декларација за етичко и професионално известување за теми поврзани со ЛГБТИ. […]

Дискриминација, нетрпеливост  и говор на омраза во „Миленко Неделковски шоу“

Скопје, 13.03.2018г. – Со вонредниот надзор извршен по службена должност на емисијата „Миленко Неделковски шоу“ емитувана на ТВ Алфа, на 27 јануари 2018 година, Агенцијата констатираше дека во ова издание се изнесени повеќе изјави и ставови со кои се поттикнува и шири дискриминација, нетрпеливост и омраза врз основа на етничка припадност.[…]

Демант на наводи изнесени од министерот Роберт Поповски на јавна дискусија

Скопје, 04.03.2018г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги  најостро ги демантира наводите на министерот Роберт Поповски, од Јавната дискусија, одржана на 2 март 2018 година, во Владата на Република Македонија, дека Агенцијата со години не функционирала и не си ги вршела надлежностите, во контекст на реемитување странски програмски сервиси без авторски права.

[…]

Промовирани ТВ и радио спотови против сексизмот во медиумите и истражување за родот во телевизиските програми во 2017г.

Скопје, 01.03.2018г. – Со цел да се сврти вниманието на медиумите кон препознавање на важноста на информирањето за родовите прашања, како и да се поттикне надминување на родовите стереотипи, Агенцијата денес ги претстави резултатите од истражувањето за родот во телевизиските програми во 2017 година[…]



Accessibility

Accessibility