Дискриминација, нетрпеливост  и говор на омраза во „Миленко Неделковски шоу“

Скопје, 13.03.2018г. – Со вонредниот надзор извршен по службена должност на емисијата „Миленко Неделковски шоу“ емитувана на ТВ Алфа, на 27 јануари 2018 година, Агенцијата констатираше дека во ова издание се изнесени повеќе изјави и ставови со кои се поттикнува и шири дискриминација, нетрпеливост и омраза врз основа на етничка припадност.

Агенцијата писмено и укажа на ТВ Алфа дека го прекршила член 48 од Законот за аудио и аудовизуелни медиумски услуги. Освен ова, имајќи предвид дека во Законот не е предвидена мерка за вакво прекршување, Агенцијата, снимките од емисијата и Писмениот извештај од извршен програмски надзор, ги достави до Основното јавно обвинителство Скопје и до Комисијата за заштита од дискриминација за нивно понатамошно постапување.

Извештајот од вонредниот надзор е достапен на следниот линк



Accessibility

Accessibility