Скопје, 29.06.2018г. – Редовен административен надзор за обврската за објавување податоци за седиште, уредништво, податоци за печатницата, датум на печатење и број на печатени примероци е извршен врз издавачите на печатени медиуми Јени Балкан ДООЕЛ Скопје (весниците „Јени Балкан Хафталк Билтен“ и „Јени Балкан“); Заман ДООЕЛ Скопје (весниците „Заман“ и „Заман шќип“) и Визиони М Скопје (магазинот „Шења“).
Оваа обврска делумно е исполнета кај два печатени медиуми – неделните весници „Јени Балкан Хафталк Билтен“ и „Заман“ кај кои не се објавени податоци за бројот на печатени примероци.
Извештаите се достапни на следните линкови:
Општ извештај – (член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 28.06.2018
Јени Балкан – (член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 28.06.2018
Заман – (член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 28.06.2018