Скопје, 01.08.2018г. – Врз основа на редовен програмски надзор врз програмата на ТВ Здравкин и констатирано непочитување на обврската за емитување 50% програма изворно создадена во РМ на македонски јазик, Агенцијата изрече мерка – опомена.
На овој радиодифузер даден му е временски рок од 30 дена, од денот на приемот на ова Решение, да го усогласи своето работење со одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Изречената мерка може да се преземе на следниот линк:
ТВ Здравкин – (член 92 став 1 од ЗААВМУ) – 01.08.2018