Скопје, 21.08.2018г. – За обврските кои се однесуваат на регистрација на програмски сервиси во Агенцијата и титлување на програмите кои ги реемитуваат кабелските оператори, извршен е редовен програмски надзор врз операторите Кабел, Кабел-Нет, Инел Интернационал, Мултимедиа-Нет, Роби и Траншпед Трејд.
Надзорот врз Кабел-Нет од Струмица покажа дека програмските сервиси Fight Box, Film Box, Film Box Extra, Film Box Arthouse и Docu Box кои операторот ги реемитува, не се опфатени со потврдите за регистрација на програмските сервиси издадени од Агенцијата, што е спротивно на член 141 од ЗААВМУ. Кај останатите оператори не се констатирани прекршувања.
Извештаите од надзорите се достапни на линковите:
Кабел – (член 64 став 2, член 141 од ЗААВМУ) – 21.08.2018
Кабел-Нет – (член 64 став 2, член 141 од ЗААВМУ) – 21.08.2018
Инел Интернационал – (член 64 став 2, член 141 од ЗААВМУ) – 21.08.2018
Мултимедиа-Нет – (член 64 став 2, член 141 од ЗААВМУ) – 21.08.2018
Роби – (член 64 став 2, член 141 од ЗААВМУ) – 21.08.2018
Траншпед Трејд – (член 64 став 2, член 141 од ЗААВМУ) – 21.08.2018