Скопје, 20.11.2018г. – Врз сите 123 радиодифузери, Агенцијата изврши редовен административен надзор со цел да утврди дали ја исполниле обврската од Законот за медиуми, според која се должни податоците за сопственичка структура, уредништво и за изворите на финансирање во 2017 година, да ги објават на сопствената програмата по трет пат оваа година, најдоцна до 31 октомври 2018 година.
Со извршениот надзор констатирано е дека обврската од член 15 став 3 од Законот за медиуми ја исполниле сите 123 радиодифузери.
Извештајот може да се преземе на следниот линк: Општ административен извештај – (член 15 став 3 од Законот за медиуми) – 20.11.2018