Отворена јавна расправа за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистарaција на програмски пакети/сервиси

Скопје, 23.11.2018 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес отвора јавна расправа за утврдување на потребата за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистарaција на програмски пакети/сервиси.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани и засегнати страни со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk.

Јавната расправа трае до 22 декември 2018 година.

Предлог за измени на Правилникот доставен од Македонската медиумска асоцијациа (ММА)



Accessibility

Accessibility