Мислење од Дирекцијата за заштита на личните податоци во однос на претставка за емисијата „Студио Мода“ со Сергеј Варошлија

Скопје, 24.01.2019г. – Дирекцијата за заштита на личните податоци до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, достави Допис – Известување, дека во случајот кој Агенцијата го иницираше за емисијата „Студио Мода“ емитувана на 1ТВ, е утврдена повреда на правото на заштита на личните податоци.

Во Дописот од Дирекцијата, наведено е дека на 1 ТВ му е дадено укажување во насока на почитување на прописите за заштита на личните податоци, во делот на користење на личните податоци во емисијата, особено во делот на користење фотографии обезбедени преку социјалните мрежи, со оглед дека нивната обработка без согласност од субјектот на личните податоци, претставува неправична и незаконска обработка на личните податоци.

Мислењето од Дирекцијата за заштита на личните податоци е достапно на следниот линк 

Извештајот од вонредниот надзор врз 1ТВ е достапен на линкот



Accessibility

Accessibility