Хроника од 5-та сеница

image_pdfimage_print

Хроника од 5-та седница

Скопје, 04.02.2019г. – На денешната седница, Советот на Агенцијата го прифати предлогот од директорот и донесе Насоки за доброволно пријавување на радијата за емитување домашна музика.

Советот на Агенцијата донесе Решение за отфрлање на барањето за доделување на дозвола без објавување на јавен конкурс за телевизиско емитување на ТРД ТВ КИСС Злате ДООЕЛ Тетово, поради тоа што истото е нецелосно, односно неуредно и не ги содржи сите податоци согласно законот.

Со цел да се започнат постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2019 година на Агенцијата, Советот даде одобрение директорот на Агенцијата да ги спроведе следниве постапки за јавни набавки: одржување на хигиена во деловни простории на Агенцијата, средства за хигиена, одржување на постојниот софтвер за анализа на РА и В програми-НАВЦ, одржување на дополнителниот модул за постојното апликативно решение „Систем за електронски регистар на јавни комуникациски мрежи“ и пијалаци и потреби за кујна.

Воедно, Советот даде одобрение за потпишување на Спогодба за раскинување на Договор за вработување и носење на Решение за престанување на важност на Договор за вработување.

 



Accessibility

Accessibility