Скопје, 21 февруари 2019г. – При вонреден програмски надзор врз ТВ Сонце, Агенцијата утврди дека во емисијата „Јади бурек“, не се почитувани начелата за вршење на дејноста, односно начелото кое се однесува на заштита на достоинството на личноста.
Имено, водителот на емисијата „Јади бурек“ емитувана на 13 февруари 2019 година, во комуникација со дел од гледачите, користеше навредливи зборови и повишен тон, ги оневозможуваше соговорниците да одговорат, односно се обраќаше на начин кој е непримерен за комуникација преку медиум.
Извештајот од надзорот е достапен на линкот: ТВ Сонце (член 61 став 1 алинеја 1 од ЗААВМУ) – 20.02.2019
Одлуката која ја донесе Советот за етика во медиумите во однос на претставката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во однос на емисијата „Јади бурек“ емитувана на 13 февруари 2019 година, е достапна на линкот