Скопје, 11.04.2019г. – При надзорот над изборното медиумско претставување во периодот од распишување на изборите до почетокот на изборната кампања, на програмата на ТВ Сонце емитувана од 9 февруари до 31 март 2019 година, констатирано е прекршување на начелата за вршење на дејноста.
Имено, во изданијата на вестите во 18 часот емитувани во периодот од 9 до 31 март, за партијата Македонска алијанса, чиј претседател е Ѓорѓија Џорџ Атанасовски, сопственик на ТВ Сонце, издвоено е поголемо време, од вкупното време што го добиле сите други политички партии заедно. Во овој период, вестите честопати започнуваа со ставовите и реакциите на Македонската алијанса. Медиумот не обезбеди еднаков третман на различните гледишта и мислења и овозможување на слободно оформување на мислењето на публиката за одделни настани и прашања.
Извештајот е достапен на линкот: