Дополнети извештаи од административен надзор – јавност во работата на радиодифузерите

Скопје, 23 април 2019 година – По извршениот редовен надзор врз сите 120 радиодифузери, реализиран на 22 април 2019 година и констатирано прекршување кај ТВ Канал Вис од Струмица и МХ Радио од Охрид, во однос на обврската до 31 март 2019 година да достават до Агенцијата, податоци за сопственичка структура, уредништво, извори на финансирање, остварени приходи и расходи во 2018 година, како и податоци за просечната гледаност и слушаност, на 23 април овие два радиодифузери ги доставија потребните податоци со што ја исполнија обврската од Законот за медиуми.

Дополнетите извештаи од административниот надзор се достапни на линковите:

Дополнет Општ извештај за 120 радиодифузери (член 15 став 1 од Законот за медиуми) – 23.04.2019

Дополнет извештај за ТВ Канал Вис (член 15 став 1 од Законот за медиуми) – 23.04.2019

Дополнет извештај за МХ Радио (член 15 став 1 од Законот за медиуми) – 23.04.2019

 



Accessibility

Accessibility