Скопје, 20 мај 2019 година – ТВ Калтрина, ТВ Клан Македонија, ТВ Гурра, Радио Бум и Радио Блета ја известија Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, дека направиле грешки при пополнувањето на обрасците за емитувано платено политичко рекламирање во периодот од 8 април до 3 мај 2019 година.
Оттаму, Агенцијата до Државната изборна комисија достави корегиран извештај заедно со пристигнатите податоци од радиодифузерите заклучно со 17 мај 2019 година.
Извештајот е достапен на линкот: Корегиран извештај за емитуваното платено политичко рекламирање од страна на радиодифузерите, во периодот од 8 април до 3 мај 2019 година