Соопштение за јавност

image_pdfimage_print

Скопје, 29.05.2019 – Во контекст на последните настани во медиумот „Слободен печат“ и оставката на главниот и одговорен уредник Бранко Геровски, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги уште еднаш потенцира дека независноста и самостојноста на уредниците и новинарите мора да биде гарантирана.

Тргнувајќи од својата обврска да ја поттикнува слободата на изразување, Агенцијата потсетува дека согласно Законот за медиуми, издавачот е самостоен во уредувачката политика, но истовремено и уредникот е самостоен во својата работа и ја носи одговорноста за објавените информации.



Accessibility

Accessibility