Скопје, 31 мај 2019 година – На вчерашната 23-та седница, Советот на Агенцијата врз основа на констатација од извршен надзор и констатирано прекршување на локалното радио БИ-КИ-АЛ од Битола, донесе Решение за изрекување мерка јавна опомена.
Јавна опомена на радиото БИ-КИ-АЛ беше изречена за недоставување податоци до Агенцијата за сопственичка структува, уредништво, извори на финансирање во 2018 година и вкуно остварени приходи и расходи претходната година, најдоцна до 31 март 2019 година.
На радиото БИ КИ АЛ му е даден временски рок од 45 дена за усогласување со Законот за медиуми.
Јавната опомена е достапна на линкот:
Радио БИ-КИ-АЛ (член 15 став 1 од Законот за медиуми) – 30.05.2019