1

Контролен надзор врз ТВ Телма и ТВ Компани 21-М

Скопје, 3 јуни 2019 година – По изречените мерки јавна опомена, на ТВ Телма и ТВ Компани 21-М им е извршен контролен надзор. Надзор на ТВ Телма е извршен за обврските за објава на импресум и за заштита на малолетната публика од содржини кои би можеле да им наштетат на нивниот развој. За почитувањето на обврските за заштита на малолетната публика, контролен надзор е извршен и врз ТВ Компани 21-М.

И двете телевизии во целост постапиле по мерките јавна опомена.

Извештаите од надзорите се достапни на линкови:

ТВ Телма (член 14 од Законот за медиуми) – 03.06.2019

ТВ Телма (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 03.06.2019

ТВ Компани 21-М (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 03.06.2019