Јавна опомена за осум радиодифузери

image_pdfimage_print

Скопје, 7 јуни 2019 – Советот на Агенцијата на 24-та седница, донесе осум решенија за изрекување мерка јавна опомена за Радио Аљбана Плус, Еко Радио, Радио Кочани, Радио Лав, Хит Радио, локалната ТВ Канал 21 од Велес, ТВ Клан Македонија и ТВ Канал Вис.

Јавни опомени на радиодифузерите им се изречени заради не доставување на писмен извештај за спроведување на обврските утврдени во дозволата за радио и ТВ емитување, ниту информација за техничките средства преку кои се емитува или реемитува нивниот програмски сервис во државата или надвор од неа, со што не се исполнети обврските од Законот за медиуми.

Радиодифузерите имаат рок од 45 дена за законско усогласување, по што Агенцијата ќе спроведе контролен надзор.

Мерките јавна опомена се достапни на линковите:

Радио Аљбана Плус (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 06.06.2019

Еко Радио (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 06.06.2019

Радио Кочани (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 06.06.2019

Радио Лав (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 06.06.2019

Хит Радио (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 06.06.2019

локалната ТВ Канал 21 од Велес (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 06.06.2019

ТВ Клан Македонија (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 06.06.2019

ТВ Канал Вис (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 06.06.2019



Accessibility

Accessibility