Скопје, 07.06.2019 – На 24-та седница, одржана завчера, Советот на Агенцијата донесе шест решенија за изрекување мерка јавна опомена за радиодифузерите ТВ Гурра, ТВ Топестрада, Радио Би-Ки-Ал, Радио 106, Капитол ФМ и Радио Ла Коста.
Јавни опомени на радиодифузерите им се изречени заради не доставување на писмен извештај за спроведување на обврските утврдени во дозволата за радио и ТВ емитување, ниту информација за техничките средства преку кои се емитува или реемитува нивниот програмски сервис во државата или надвор од неа, со што не се исполнети обврските од Законот за медиуми.
Радиодифузерите имаат рок од 45 дена за законско усогласување, по што Агенцијата ќе спроведе контролен надзор.
Мерките јавна опомена се достапни на линковите:
ТВ Гурра (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 07.06.2019
ТВ Топестрада (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 07.06.2019
Радио Би-Ки-Ал (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 07.06.2019
Радио 106 (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 07.06.2019
Радио Капитол ФМ (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 07.06.2019
Радио Ла Коста (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 07.06.2019