Скопје, 18 јуни 2019 – На вчерашната 25-та седница, Советот на Агенцијата го усвои Извештајот за спроведување на Програмата за обезбедување достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост, за периодот 2016-2018 година.
Во Извештајот се опфатени сите активности кои регулаторното тело ги спороведе согласно двегодишната Програма, како и активности кои во перспектива би придонеле за зголемување на достапноста до програмите за лицата со попреченост.