Скопје, 08.07.2019г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши вонреден административен надзор врз КОЛОР МЕДИА ПЛУС , издавач на магазинот “Home Style” и ЗЕНИТ ПРЕС ПЛУС издавач на весникот “Зенит”. Надзорот се изврши за да се констатира дали издавачите на печатени медиуми ја исполнуват обврската за објавување импресум.
Надзорот покажа дека двата печатени медиуми опфатени со надзорот, во целост ја исполниле обврската од Законот за медиуми.
Извештајот може да се преземе во следниот линк:
Home Style – Зенит – (член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 08.07.2019