Скопје, 10.07.2019г. – Врз операторите ГЛОБАЛ САТ од Скопје, ИНЕЛ ИНТЕРНАЦИОНАЛ од Кавадарци, ИНФЕЛ-КТВ од Охрид, ПЕТ НЕТ од Гевгелија, СПАЈДЕР-НЕТ од Гевгелија и ТРАНШПЕЈД ТРЕЈД од Скопје извршен е редовен програмски надзор за почитувањето на обврските за регистрација на програмски сервиси и титлување на програмските сервиси кои операторите ги реемитуваат.
Со надзорот е констатирано дека кабелскиот оператор СПАЈДЕР-НЕТ од Гевгелија за своите корисници го реемитува програмскиот сервис “Hayat Plus”, кој не опфатен со потврдите за регистрација на програмски сервиси издадени од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Извештаите од надзорите може да се преземат на линковите:
ГЛОБАЛ САТ – (член 64 став 2 и член 141 од ЗААВМУ) – 09.07.2019
ИНЕЛ ИНТЕРНАЦИОНАЛ – (член 64 став 2 и член 141 од ЗААВМУ) – 09.07.2019
ИНФЕЛ-КТВ – (член 64 став 2 и член 141 од ЗААВМУ) – 09.07.2019
ПЕТ НЕТ – (член 64 став 2 и член 141 од ЗААВМУ) – 09.07.2019
СПАЈДЕР-НЕТ – (член 64 став 2 и член 141 од ЗААВМУ) – 09.07.2019
ТРАНШПЕЈД ТРЕЈД – (член 64 став 2 и член 141 од ЗААВМУ) – 09.07.2019