Редовен програмски надзор врз ТВ Ера и ТВ МТМ

Скопје, 22.07.2019г. – Врз регионалните телевизии ТВ Ера и ТВ МТМ, извршен е редовен програмски надзор за обврските за употреба на јазикот во програмата, за дневно емитување најмалку 8 часа програма на телевизија и за обезбедување најмалку 30% изворно создадена програма како македонски аудио и аудиовизуелни дела, од кои половина во периодот од 07:00 до 19:00 часот.

Со надзорот е констатирано дека на 6 јуни во рамки на емисијата/програмскиот блок „Ритамот на градот“ на ТВ Ера, емитувани се најави на три странски филмови изворно на англиски јазик, без превод на албански или турски јазик – јазици на кои медиумот емитува програма согласно дозволата. Дополнително, на овој датум ТВ Ера не емитуваше најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела во периодот од 07:00 до 19:00 часот. Кај ТВ МТМ не се констатирани прекршувања.

Извештаите од извршените надзори се достапни на линковите:

ТВ Ера (прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 22.07.2019

ТВ Ера (прекршување на член 92 став 3 од ЗААВМУ) – 22.07.2019

ТВ МТМ (член 64 став 1, член 90 и член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 22.07.2019



Accessibility

Accessibility