Скопје, 25.07.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз сите 120 радиодифузери коишто емитуваат телевизиска или радио програма. Предмет на надзорот е обврската на радиодифузерите, по вториот пат оваа година да објават податоци за сопственичка структура, уредништво и извори на финансирање во претходната година, односно најдоцна до 30 јуни 2019 година.
Не исполнување на оваа законска обврска е констатирана само кај Вижн БМ-ТВ КАНАЛВИЗИЈА од Скопје и ТВ Ирис од Штип.
Извештаите се достапни на следните линкови:
Општ извештај за сите 120 радиодифузери (член 15 став 3 од ЗААВМУ) – 25.07.2019
Вижн БМ – ТВ КАНАЛ ВИЗИЈА (член 15 став 3 од ЗААВМУ) – 25.07.2019
ТВ Ирис (член 15 став 3 од ЗААВМУ) – 25.07.2019