АВМУ ќе донира милион денари помош за Албанија

image_pdfimage_print

Скопје, 06.12.2019 – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска донесе одлука за доделување финансиска помош во висина од еден милион денари – донација за санирање на последиците од земјотресот што на 26.11.2019 година го погоди градот Драч, Република Албанија.

Финансиските средства ќе бидат уплатени на посебна наменска сметка на Црвениот крст на Република Македонија – Фонд за солидарност.

Агенцијата изразува сочувство до семејствата на настраданите и до албанскиот народ.



Accessibility

Accessibility