ПРЕКРШОЧНИ ЗА РАДИОДИФУЗЕРИТЕ КОИ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ДА ЕМИТУВААТ ППР СО МАЛОЛЕТНИЦИ

Скопје, 30.06.2020 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со мониторингот на изборното медиумско претставување од кампањата за Предвремените парламентарни избори 2020 година повторно констатираше дека одредени телевизии емитуваат платено политичко рекламирање (ППР) во кое има малолетници, што е спротивно на член 76 став 3 од Изборниот законик.

Имајќи предвид дека радиодифузерите се одговорни за законитоста на содржините кои ги емитуваат, Агенцијата предупредува дека, од утре, секое емитување на ППР во кое има малолетници ќе биде предмет на прекршочна постапка.

За да се избегнат ваквите случаи, апелираме радиодифузерите внимателно да ги прегледуваат сите содржини, а оние кои не се во согласност со Изборниот законик и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да одбијат да ги емитуваат. Воедно ги повикуваме учесниците во изборната кампања да го усогласат нивното платено политичко рекламирање со законите.



Accessibility

Accessibility