Скопје, 28 февруари 2020 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес отвори Јавна расправа за текстот на:
– Нацрт–Упатство за начинот на регистрација и бришење на законски застапник на радиодифузер од друга држава во регистарот на законски застапници на радиодифузери од други држави кои се реемитуваат на територијата на Р.С. Македонија, со прилог Образец;
– Нацрт–Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси бр.01-5775/1 од 21.11.2014 година, со четири прилози кон Нацрт-Правилникот.
Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни да учествуваат во Jавната расправа по нацрт документите, и своите мислења и предлози во писмена форма да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk.
Јавната расправа трае до 3 април 2020 година.